Дванаесеттото коло од наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“ ќе се релизира во понеделник со директен пренос на МТВ1.
Во ова коло се извлекува еден автомобил, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари.
Во извлекувањето учествуваат сите коверти испратени за 12-то коло со сметки кои се валидни од најран датум 15 ноември 2013 година. За учество во наградната игра треба да се испратат 20 фискални сметки, во стандарден бел коверт во кој покрај фискалните сметки треба да има посебен лист на кој ќе бидат наведени податоците на испраќачот: име, презиме, адреса и контакт телефон. Ковертот мора да биде адресиран и на него не треба да биде напишано ништо друго освен адресата на организаторот и намената – за наградна игра.