17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабавување на бугарската економија во 2015 година

Забавување на бугарската економија во 2015 година

bugarijasofija

Забавување на растот на бугарската економија во 2015 година од 0,8 до еден проценти, предвидуваат последните показатели на Министерството за финасии на Бугарија.

Овие нови предвидувања, кои се користат при изработката на буџетот за 2015 година, се поблиски до оние на Европската комисија, според кои растот на бугарскиот БДП оваа година ќе биде 1,2 проценти, а наредната 0,6 отсто, наведува софиски „Стандарт“.

Во есенската прогноза, експертите од бугарското Министерство за финансии имаа пооптимистички очекувања за раст од 1,5 проценти за оваа и 1,2 за следната година, но во новите предвидувања тој е ревидиран.

Прогнозите за послабите резултати на бугарската економија за следната година се должат на негативните очекувања за домашната потрошовучка и инвестициите во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП