29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на извозот и трговскиот суфицит во ЕУ

Раст на извозот и трговскиот суфицит во ЕУ

evra-500-evra

Во еврозоната во септември е забележан трговски суфицит од 18,5 милијарди евра, соопшти европскиот статистички завод Евростат.

Според тие податоци, извозот во септември е зголемен за 4,2 проценти во однос на август, а увозот за три проценти. Еврозоната во септември 2013 година забележала трговски суфицит од 10,8 милијарди евра.

Цела Европска унија во септември забележа суфицит од 2,6 милијарди евра во однос на дефицитот од 8,8 милијарди во август.

Кога станува збор за извозот од ЕУ, и понатака најмногу е зголемен извозот во Кина, Јужна Кореја и САД, додека најголем пад е забележан кај извозот во Швајцарија, Русија и Индија, како што тоа беше случај и во месец август.

Кога станува збор за увозот, и натака е зголемен увозот од Јужна Кореја, Турција, Кина и Швајцарија, додека најголем пад е забележан кај увозот од Русија, Норвешка и Бразил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП