18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVW на цена - не ги крадат само автомобилите, туку и тркалата...

VW на цена – не ги крадат само автомобилите, туку и тркалата (фото)

trkala ukradeni

Сите возила кои се наоѓаат на еден плац на продавач на автомобили од групацијата „Volkswagen“ во Германија, крадци во текот на ноќта одземале неколку десетици тркала.

Инцидентот се случил во ноќта меѓу четвртокот и петокот, во дворот на компанијата „Auto Center Mühlenbruch“ во местото Нојкирхен во западниот дел на Германија.

trkala ukradeni1

На основната фотографија која авто-куќата ја објави на својата „Facebook“ страна, најмногу тркала се украдени од моделите „Audi A1“ и „Volkswagen Tiguan“, a крадците не ги поштедиле ниту возилата од марката „Seat“.

Од компанијата не соопштија колку автомобили останале без тркала, но гледајќи ги фотографиите може да се процени дека станува збор за најмалку 11 возила и 44 тркала.

trkala ukradeni2

Компанијата понудила награда од 5.000 евра на оној кој ќе и помогне на полицијата да ги пронајде крадците и украдените тркала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП