21 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Тутунска Банка бележи пораст во добивката со 30.09 во споредба со...

НЛБ Тутунска Банка бележи пораст во добивката со 30.09 во споредба со ланската година

nlb

НЛБ Тутунска банка во периодот од почетокот на 2014 година до 30.09.2014 година работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2014 година, прилагодувајќи го тековното работење на економските и пазарните услови во земјата.

Заклучно со 30.09.2014 година, банката има зголемени нето каматни приходи  за 11,2% во однос на истиот период претходната година. Приходите од камати се зголемени за 0,7%, во најголем дел поради повисоки состојби на кредитите на населението и повисок износ на државни хартии од вредност. Расходите од камати се пониски за 12,0% што се должи на намалување на каматните стапки на депозитите и помал износ на користени средства од кредитни линии и депозити од банки.

Нето приходите од провизии се зголемени за 3,2%. Приходите од провизии се зголемени за 6,1% како резултат на повисоките приходи од картично работење, домашниот и девизниот платен промет, кеш центарот и услугите преку деловната мрежа. Расходите за провизии се повисоки за 16,0%, најмногу поради повисоките расходи во делот на картичното работење (зголемен обем и број на трансакции) и во домашниот и девизниот платен промет.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 164.313 илјади МКД и се пониски за 29,1% во однос на претходната година.

Вкупните приходи од работење на Банката изнесуваат 2.329.295 илјади МКД и се повисоки за 4,6%, додека вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.172.389 илјади МКД и се повисоки за 4,0%.

Заклучно со 30.9.2014 година беа издвоени исправки на вредноста на финансиските средства, на нето основа во износ од 637.967 илјади МКД. Издвоените исправки соодветствуваат на структурата и на квалитетот на пласманите на Банката. Истовремено, со продажба на преземени средства врз основа на ненаплатени побарувања Банката оствари приход од ослободена ревалоризациона резерва, поради што на нето основа Банката оствари Добивка од оштетување на нефинансиските средства во износ од 44.948 илјади МКД.

Бруто добивката на Банката изнесува 583.168 илјади МКД и е повисока за 29,9% во однос на истиот период во 2013 година. Имајќи предвид дека од 1 јануари 2015 година започнува примената на Законот за данокот на добивка со утврдување на добивката за деловната 2014 година (Сл. Весник бр.112/2014), Банката почнувајќи од 30.9.2014 година во своите финансиски извештаи го пресметува и искажува данокот на добивка за предметниот период.

Нето добивката на Банката изнесува 524.851 илјади МКД и е повисока за 17,7% во однос на 2013 година.

Неревидираниот биланс на успех на Банката можете да го погледнете ТУКА.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП