18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСамарас: Намалувањето на државниот долг e приоритетна цел на Грција

Самарас: Намалувањето на државниот долг e приоритетна цел на Грција

Antonis Samaras at the podium

Намалувањето на државниот долг ќе биде приоритетна цел на Владата во Атина во рамки на следниот бран реформи, наведува премиерот на Грција, Андонис Самарас во своја статија во весникот „Катимерини“, насловена како „Реформаторски скок во иднината“.

Самарас како главни задачи на Кабинетот ги наведе политичката и економската стабилност, продолжување на реформите и излез на Грција од кризата.

Главни параметри, според него, се избор на нов претседател од сегашниот Парламент и промените во Уставот.

Премиерот упатува критики и за радикалната левица Сириза, заради нејзините политички потези и предупредува дека тие „ќе ја вратат државата кон дефицитот“.

Самарас наведува дека следниот бран реформи предвидува зајакнување на борбата против корупцијата, поедноставување на даночниот систем и модернизирање на државното образование.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП