3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ4 причини поради кои треба почесто да јадете портокали

4 причини поради кои треба почесто да јадете портокали

sliced_oranges-1680x1050

Вкусните портокали се најдобриот избор во ладните денови. Исклучително се здрави, богати со витамини и влакна.

Ако не ги јадете редовно, ви откриваме 4 причини поради кои би требало портокалите да станат вашето омилено овошје.

Го зајакнуваат имунитетот – Портокалите се богат извор на витаминот Ц. Овој важен нутриент го зајакнува имунитетот, па така ве штити од болести и инфекции.

Одлични се за кожата – Портокалите се богати со антиоксиданти и витамин Ц, состојќи кои го забавуваат процесот на стареење. Ако сакате да ја спречите појавата на брчките, почесто јадете портокали.

Го чуваат здравјето на очите – Портокалите се богати со нутриенти како витаминот А, Ц и калиум кои се важни за зачувување на здравјетo на очите.

Спречуваат чир во желудникот – Портокалите се добар извор на влакна кои го чуваат здравјето на стомакот. Исхраната богата со влакна спречува болести како чир на желудникот и опстипација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП