5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиум производителите признаваат дека имаат премногу модели

Премиум производителите признаваат дека имаат премногу модели

premnogu modeli

Додека просечниот граѓанин во Македонија е соочен со недостаток на пари, па поради тоа тешко може да дојде до нов автомобил, купувачите во земјите со повисок стандард се соочуваат со друг проблем – како да се одлучат за некој модел кога изборот на пазарот е толку голем.

Со преминувањето на модуларните платформи и флексибилните методи на производство, на автомобилските компании им е олеснет процесот на развој и изработка на различни верзии и модели на возила. Се поставува прашањето дали на пазарот навистина постои побарувачка за толку голем број на модели и до кога нивниот број ќе се зголемува?

Зголемувањето на бројот на автомобилски модели и нивните различни верзии, особено е изразен кај премиум производителите. „Audi“, кој во деведесетите години на 20-тиот век им нудеше на купувачите десетина верзии од своите модели, сега во гамата располага со околу 50 верзии.

Вака големата понуда им претставува проблем на продавачите, но и на купувачите на кои се потешко им е да се одлучат меѓу бројните верзии и модели, кои меѓусебе незначително се разликуваат.

Покрај тоа, во продажните салони сега веќе е невозможно да се изложат сите модели кои се наоѓаат во понудата, па продавачите се повеќе се потпираат на презентација со помош на таблети, па така на купувачите да им претстават модели кои ги нема во салонот.

premnogu modeli1

Слично е и во „BMW“, каде постои се поголем ризик од преклупување меѓу понудените модели.

Според зборовите на шефот за продажба, Иан Робертсон, во оваа компанија се свесни дека постои проблем и дека можеби мораат да се преиспитаат за одржливоста на некои модели, како трендовите во авто-индустријата ќе се менуваат.

„BMW“ исто така мораше да ја промени стратегијата на продажба, па така се повеќе се потпира на виртуелна презентација на моделите во своите продажни салони.

Дури и „Porsche“, кој има релативно мал број на модели, разви толку многу верзии на својот модел „911“, па во 2015-та во понудата ќе бидат дури 22 верзии на овој спортски двосед.

Толкавата понуда прави дополнителни трошоци за маркетинг, но претставува и предизвик за продавачите кои мораат да им објаснат на купувачите, која е разликата помеѓу понудените верзии.

premnogu modeli2

Аналитичарите сметаат дека ќе следува пресвртница, кога станува збор за порастот на понудените модели. Моментално сите германските производители на автомобили заедно изработуваат повеќе од 200 различни модели, а понудата за само последните 3 години е зголемена за 25 проценти.

Се проценува дека до 2018-та на купувачите на расплагање ќе им бидат достапни 230 модели од германските компании, што според тврдењата на експертите од авто-индустријата тоа би било максималното ниво кое пазарот може да го прифати и потоа би морал да следи период на стагнација.

Дали сметате дека производителите на автомобили имаат премногу модели во понудата?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП