23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија е државата со најсилни марки

Јапонија е државата со најсилни марки

tokio1

Јапонија ја дислоцираше Швајцарија и го зазема првото место во рангирањето на „FutureBrand“ наречено „Country Brand Index“. Тоа го мери угледот на земјите како трговска марка во светот.

Од „FutureBrand“ разгледале 75 држави, а велат дека само 22 од нив можат да бидат разгледани како „бренд“, односно дури и името на државата носи репутација, слично на реномиран бренд.

На прво место е Јапонија. Корисниците ја поврзуваат со „единственост“ и ја поврзуваат со технологија, подобра здравствена заштита и образование. За испитаниците Јапонија е најголем експерт во областа на технологијата, електроника, автомобилите и иноваторството.

На второ место оваа година е Швајцарија. Корисниците ја поврзуваат со висок стандард на живот, безбедност и подобра здравствена заштита и образование. Испитаниците ја дефинираат како лидер во областа на технологијата и иновациите. Земјата е број 1 во сегментот на „луксузни стоки“. Таа добива поени за високоефективниот банкарски систем, бизнис средината, транспортот. Големите брендови кои асоцираат на Швајцарија се: „Rolex“, „Nestle“, „Patek Philippe“, „Tag Heuer“, „Lindt“ и други.

На трето место е Германија. Испитаниците ја поврзуваат со зборовите: „пиво“, „технологија“, „култура“, „автомобили“, „безбедност“. Корисниците ја посочиле како број 1 кај автомобилите. Марките кои се поврзуваат со Германија се „Siemens“, „Adidas“, „Bayer“, „Volkswagen“, „Lufthansa“, „BMW“, „Mercedes“, „Porsche“.

САД се најде на број 7, во однос на минатата година кога беше на осмата позиција.

Еве како изгледа топ 20:

1. Јапонија

2. Швајцарија

3. Германија

4. Шведска

5. Канада

6. Норвешка

7. САД

8. Австралија

9. Данска

10. Австрија

11. Нов Зеланд

12. Велика Британија

13. Финска

14. Сингапур

15. Исланд

16. Холандија

17. Франција

18. Италија

19. ОАЕ

20. Јужна Кореја

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП