27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија: Неочекувана рецесија во третиот квартал

Јапонија: Неочекувана рецесија во третиот квартал

J

Јапонската економија неочекувано влезе во рецесија во третиот квартал, поради што премиерот Шинзо Абе би можел да се откаже од непопуларното зголемување на ДДВ и да распише нови предвремени избори, две години пред истекот на мандатот.

Јапонската економија во третиот квартал ослаби за 0,4 проценти, по падoт од 1,9 проценти во периодот од април до јуни. Економистите во третиот квартал очекуваа раст за 0,5 проценти.

Враќањето во рецесија се случи речиси две години откако Абе се врати на власт со ветување дека ќе го обнови економскиот раст со примена на големи монетарни стимулации, зголемување на јавната потрошувачка и реформите.

Третата најголема економија во светот, според прогнозите, во наредниот период ќе оствари раст, но потрошувачката и извозот во моментов се слаби, со што е отежната ситуацијата во која се наоѓаат компаниите со големи залихи на стока.

Еден советник на Абе изјави дека економскиот пад е „шокантен“ и ја повика владата да преземе чекори и да и овозможи подршка на економијата.

„Ова апсолутно не е ситуација во која треба да дискутираме за зголемувањето на ДДВ“, изјави Екуро Хонда, еден од креаторите на економската политика на Абе.

Министерот за економија Акира Амари изјави дека ќе следуваат некаков вид на стимулации и додаде дека ќе биде тешко да се состави особено голем пакет поради потребите да се зачува финансиката дисциплина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП