17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд сите големи, Европа е најлоша

Од сите големи, Европа е најлоша

12900793785450aea21ea16261542006_640x400

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ја потврди прогнозата за слабиот економски раст во Европа за наредната година.

Како што наведуваат, истовремено повеќето други големи светски економии ќе забележат стабилна економска активност.

Според најновите водечки композитни индикатори (CLI), еврозоната ќе продолжи да бележи слабеење на економскиот раст, а силни сигнали за економско забавување доаѓаат од Германија и Италија, наведува ОЕЦД, пренесува агенцијата Франс прес.

Во Франција, од друга страна, CLI укажува на стабилен економски раст, а во Британија на благо слабеење на растот, кој сепак ќе остане релативно висок, наведува организацијата.

ОЕЦД, која им овозможува економски анализи и совети на своите членки, наведува дека меѓу земјите кои можат да очекуваат стабилен економски раст во 2015 година се Канада, САД, Бразил, Кина и Русија. Единствената голема економија која ќе забележи силен економски раст е Индија, додава организацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП