17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзлезот на Британија од ЕУ ќе биде катастрофа за Британија и ЕУ

Излезот на Британија од ЕУ ќе биде катастрофа за Британија и ЕУ

mateorenci54654

Излезот на Британија од ЕУ би бил „катастрофален“ и за Лондон и за ЕУ, изјави италијанскиот премиер Матео Ренци.

„Тоа би било катастрофа, и за Европа што е очигледно, но мислам и за Британија“, изјави вчера Матео Ренци, додавајќи дека и Лондон и Брисел имаат корист од членството на Британија.

Тој додаде дека на ЕУ и е потребна Британија да промовира поинаква идеја за Европа.

Британскиот премиер Дејвид Камерон вети дека ќе ги разгледа британските врски со Брисел пред распишувањето на референдум за членството во 2017 година, доколку неговите конзервативци победат на изборите наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП