16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеделава треба да почне доисплатата на земјоделските субвенции

Неделава треба да почне доисплатата на земјоделските субвенции

zemjodelstvo

Неделава треба да започне досиплатата на земјоделските субвенции кон сите приматели кои ги исполнуваат условите од законот.

Ова беше најавено на минатонеделната средба на премиерот Никола Груевски со претставници на земјоделските здруженија.

На средбата присуствувале Вељо Тантаров претседател на Сојузот на земјоделците, Ефтим Шаклев претседател на Асоцијацијата на земјоделци, Никола Стаменов претседател на Федерација на фармери и Ставре Јанев претседател на Синдикатот на земјоделците, како и заменик-министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.

На средбата било посочено дека на оваа тема е разговарано на минатата владина седница и оти е посочено дека се надминати некои процедурални и технички предизвици и оти предметите се комплетирани и оти исплатата треба да почне.

Договорено било и дека согласно со календарот за исплата на субвенции, во текот на ноември да започне исплатата на субвенциите за житните земјоделски култури од реколтата во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП