17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAsus и Lenovo придонесоа за раст на пазарот на таблети

Asus и Lenovo придонесоа за раст на пазарот на таблети

tableti nula

„Lenovo“ и „Asus“ се двете компании кои со своите уреди допринесоа за раст на пазарот на таблети во текот на третиот квартал од оваа година. Тоа го покажуваат податоците од прелиминарното истражување кое го спроведе компанијата „Strategy Analytics“.

Во текот на третиот квартал вкупната испорака на таблети во целиот свет ја достигна бројката од 55,2 милиони уреди, што е раст од 6% на годишно ниво. На квартално ниво, продажбата на таблети порасна за 5%.

„Apple“ и „Samsung“ и натаму се водечки компании на пазарот на таблети, но за растот на пазарот првенствено се заслужни помалите производители, „Lenovo“ и „Asus“.

„Android“ и натаму е водечки оперативен систем на таблетите со удел од 72,0%, втор е „iOS“ со 22,3% удел, а „Windows“ e трет со удел од 5,7%. Таканаречените „white-box“ производители (компаниите кои не се брендови) и натаму имаат голем процент меѓу „Android“ таблетите и нудат голем број уреди со различни дијагонали и перформанси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП