2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонците од Стеблево, Голо Брдо на мака со пласманот на компирите

Македонците од Стеблево, Голо Брдо на мака со пласманот на компирите

C1C5EF272D06704D92E74232A505CC5F

Околу 12 илјади килограми од познатиот по квалитет компир од селото Стеблево, област Голо Брдо, постои реална опасност да скапат поради немањето пазар за нив.

Земјоделците од оваа општина, населена, главно, со Македонци, се жалат дека поради немањето соодветна патна инфараструктура и нејзината оддалеченост од поголемите урбани центри со години се соочуваат со истиот проблем, пласман на компирите, кои се познати по нивиот квалитет зашто се одгледуваат во планински предел, пренесува весникот на Македонците во ова земја „Македониум“.

Земјоделците бараат субвенции од државата, нагласувајќи дека без субвенции и обезбеден пласман, површините засадени со компир можно е да се сведат на минимум.

Во оваа општина живеат околу 1.500 жители, чија главна активност е земјоделството и сточарствоо, а поради удеалните услови за тоа, најмногу одгледуваат компир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП