Познато е дека една од најголемите друштвени мрежи на денешницата се бори со се помалиот интерес од страна на корисниците, но и со профитабилноста.
Моменталните проценки говорат дека ниту оваа година нема да биде добра за нивните финансии, затоа што за тековниот квартал, дури и приходите можат да потфрлат. Сето ова значително влијаеше на проценката на кредитниот рејтинг на оваа компанија.
Американската рејтинг агенција „Standard & Poor’s“ ја објави најновата проценка на кредитната способност на „Twitter“.
Вo неа стои дека моменталната класа во која се наоѓа оваа компанија е „BB-“. Во бизнис круговите овој статус се нарекува „шпекулативен“, или колоквијално – ѓубре.
„Twitter“ најверојатно до 2016-та година нема да работи позитивно, заклучуваат од „S&P“.