26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДа веруваме или не: Кристијано во Барселона!?

Да веруваме или не: Кристијано во Барселона!?

kiki barsa

Шокантна вест долетаат од Шпанија, каде локалното радио „Кадена Сер” тврди дека Барселона размислува да го купи Кристијано Роналдо!?

Поранешниот претседател на клубот Жоан Лапорта, кој планира повторно да се кандидира за шеф на „каталонците“, побарал да знае колкава е откупната клаузула на најголемата ѕвезда на Реал Мадрид.

За таа цел, тој бил на ручек со агентот на „CR7“, Жорже Мендеш. Менаџерот, сепак категорично ја отфрлил веројатноста за слична зделка и рекол дека тоа е невозможно.

Од „Кадена Сер“ тврдат дека средбата меѓу двајцата била вчера на пладне, додека од „Марка“ се сигурни дека тоа се случило завчера.

Пред една година Лапорта изјави дека Мендеш веќе еднаш на Барса и го има нудено Кристијано. Тоа сепак било уште во времето кога Роналдо беше во Спортинг (Лисабон).

Во Шпанија се убедени дека тоа е потег на Лапорта за стекнување на довербата на навивачите, со што тој ќе започне да се подготвува за изборите за претседател на клубот, кои ќе се одржат следното лето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП