15 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто правиме на работното место кога никој не не гледа

Што правиме на работното место кога никој не не гледа

sleeping-work-390x285

Некои вработени спијат, а тврдат дека се молат, а не е реткост тоа што некои печатат цели книги од интернет, за кои кога ќе бидат фатени на дело, имаат оправдување „Сакав да отпечатам една страна, но незнам што му е на принтерот“.

Речиси нема вработен кој од време на време не забушава на работното место.

Постојат вообичаени трикови, како оној кога се правиме дека работиме а нашиот мозок всушност е на Малдивите или си седиме на Фејсбук, со закиселено лице глумејќи дека ги анализираме финансиските извештаи. Има, сепак, и помалку вообичаени, па дури и бизарни нешта кои ги правиме кога мислиме дека никој не не гледа.

Истражувањето покажува дека некои вработени спијат, а тврдат дека се молат, се пресоблекуваат под бирото, а не е реткост ниту печатењето на цела книга од интернет.

Мажите гледаат фотографии од оскудно облечени жени, а кога некој ќе ги фати на дело, објаснуваат дека не знаат како таа интернет страница се отворила.

Тоалетот исто така е инспиративен, особено за селфи фотографии, греење на стопалата под сушачот за раце, а некои дами го користат и за бричење на нозете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП