24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОдобрен договорот на Alitalia и Etihad

Одобрен договорот на Alitalia и Etihad

alitalia-etihadciojoruf89gu54

Европската комисија го одобри договорот меѓу авиокомпаниите „Alitalia“ и „Etihad“, со што италијанската компанија ќе биде спасена од банкрот.

Брисел во петокот го одобри договорот за соработка со услов компaниите да и дозволат на уште една авиокомпанија да ги користи аеродромите во Рим и Белград, пренесува АФП.

По повеќемесечните преговори, „Etihad“ на 8. август го потпиша договорот за купување на „Alitalia“.

Европската комисија го одобри ова купување, но наведе дека таа одлука е усвоена со услов „Etihad“ и „Alitalia“ на уште една, нова, компaнија да и дозволат да слетува на аеродромите Фјумичино во Рим и Никола Тесла во Белград.

„Etihad“, компанија со седиште во Абу Даби, би требало да инвестира 560 милиони евра за да стане најголем акционер во „Alitalia“ која веќе долги години е во длабока криза, наведува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП