Бруто домашниот производ (БДП) на Холандија во третиот квартал оваа година неочекувано е намален за 0,2 проценти во однос на претходниот квартал.
Холандскиот статистички Завод соопшти дека економскиот раст на Холандија за цела 2014 година, би требало да изнесува 0,75 проценти, како што претходно предвиде и владата во Амстердам, пренесува агенцијата АФП.
Во соопштението се наведува дека малиот пад на БДП во третиот квартал е последица од скромниот раст на извозот и падот на инвестициите.
Аналитичарите очекуваа раст на БДП на Холандија во третиот квартал од 0,5 проценти.