4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадежнитe компании со повеќе склучени договори во странство

Градежнитe компании со повеќе склучени договори во странство

gradezni kompaniie

Македонската градежна оператива во првите девет месеци од годинава склучила договори за градежни работи во странство во износ од 6,22 милијарди денари што е за 26,8 отсто повеќе во споредба со овој период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Во овој период во странство се извршени градежни работи во вкупна вредност од 834 милиони денари или за 32,1 отсто помалку во споредба со лани.

Зголемен обем на извршените градежни работи има во Италија, Хрватска, Швајцарија, Бугарија и Србија, додека на другите пазари е регистриран намален обем, а како нови пазари се јавуваат Косово, Австрија, Албанија и Црна Гора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП