17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодобрена состојбата на деловните субјекти во градежништвото

Подобрена состојбата на деловните субјекти во градежништвото

gradeznici

Економската состојба во третото тримесечје од годинава е поповолна во однос на претходното тримесечје и во однос на тоа тримесечје лани, оценија раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото.

Оценката, пак, за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека е поповолна во однос на претходното тримесечје и во споредба со истото тримесечје од претходната година.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2014 година, поповолни се и очекувањата за бројот на вработени во наредниот период, тековната состојба со порачки (договори) е на исто ниво како и во претходното тримесечје, се очекува вкупните порачки (договори) во наредните три месеци да се намалат, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата. Во наредниот период се очекува да се намалат и продажните цени.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат зголемените финансиски трошоци (камати) со 16,6 отсто, немањето на побарувачка со 15,8, зголемените трошоци за материјали со 13,7 и конкуренцијата во сопствениот сектор со 11,6 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП