10 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на индустриските производители повисоки на месечно, пониски на годишно ниво

Цените на индустриските производители повисоки на месечно, пониски на годишно ниво

industrija 3405

Продажните цени на производителите на индустриски производи во септември годинава се повисоки на месечно ниво за 0,4 отсто, а на годишно ниво се пониски за 2,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Во септември 2014, во споредба со август 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во секторот Рударство и вадење камен се пониски за 1,3 отсто, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 0,5 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,4 отсто.

Во септември 2014, во споредба со септември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 5,3 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,0 отсто, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 3,7 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП