Прометот во трговијата на мало во септември годинава во однос на истиот месец лани е зголемен во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун и тоа номинално за 4,4, а реално за 5,1 отсто.
Номинално зголемување за 5,6, а реално за 6,1 проценти се бележи и во групата Трговија на мало, освен трговија со горива.
Како што соопшти Државниот завод за статистика, намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со автомобилски горива, номинално за 9,7, а реално за 3,7 отсто.