9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалено производството на шумски производи

Намалено производството на шумски производи

drva ogrev 335

Производството на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2014 година, во однос на третото тримесечје од 2013 година бележи намалување од 6,6 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни и кај огревното дрво од листопадни видови.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови, рудничкото дрво од листопадни видови, другото обло дрво од листопадни видови и кај огревното дрво од иглолисни видови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП