24 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТрчањето го продолжува животот

Трчањето го продолжува животот

blog23pix3

Дури и ако сте пушач, а редовно се занимавате со трачање, ќе живеете подолго од две до десет години. Луѓето кои се излечиле од рак и потоа продолжиле да трчаат, го продолжиле животот за пет години.

Истражувањата покажуваат дека трчањето ја намалува опасноста од дијабетес и болести на срцето, го намалува стресот и крвниот притисок. Освен тоа, џогирањето му додава години на животот и го поправа квалитетот бидејќи го зајакнува организмот.

Дури и ако сте пушач, а редовно се занимавате со оваа физичка активност, ќе живеете подолго од две до шест години. Редовното трчање помага со леснотија да ги решавате сите задачи, ја подобрува концентрацијата, помнењето, виталноста, го подобрува расположението. Истражувањата покажуваат дека оваа физичка активност е ефикасна и при лекувањето на депресија.

Сигурно е и тоа дека на овој начин полесно ќе одржувате витка линија, бидејќи вашите омилени јадења нема така лесно да се лепат на проблематичните делови од телото. Затоа, без оглед на ладното, ветрот и досадниот ноемвриски дожд, облечете патики и започнете со трчањето кое ќе ви го продолжи животот и ќе ви ја разубави фигурата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП