28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ: Растот на БДП годинава 3,7, догодина 4,1 отсто

НБРМ: Растот на БДП годинава 3,7, догодина 4,1 отсто

nbrm

Растот на македонската економија според најновите проекции на Народната банка на Република Македонија за годинава ќе изнесува 3,7 проценти, за наредната 4,1 отсто, а во 2016 година 4,5 проценти.

Најновите проекции беа изнесени денеска на прес-конференција во Народната банка на Република Македонија според кои нема промени во однос на оваа и на 2016 година, а само надолна корекција има за предвидениот раст за 2015 година поради очекувањата за понеповолното надворешно опкружување. Претходната проекција на НБРМ за растот за 2015 година беше 4,4 проценти.

„Променетата оценка за динамиката на растот на домашната економија е со мало приспособување на понеповолното надворешно окружување“, истакна гувернерот Димитар Богов на прес-конференцијата.

Тој додаде дека растот на БДП ќе биде воден од домашната побарувачка, односно инвестициите и личната потрошувачка и од растот на извозниот потенцијал.

Инфлацијата пак за годинава се проценува дека ќе биде околу 0 проценти, а за 2015 година ќе изнесува околу 1 процент. За 2016 година стапката на инфлација ќе се движи околу 2 проценти.

Банкарскиот систем и понатаму ќе остане стабилен и се очекува стапките на кредитен раст во следните две години да бидат на ниво од 9 до 10 проценти.

„Се очекува растот на депозитите и расположливите странски кредитни линии, подобрените согледувања на банките за ризиците и подобрувањето на глобалниот амбиент да овозможат одржување на стапките на крединиот раст на ниво од 9 до 10 проценти годишно во 2015 и 2016 година“, рече Богов.

Кредитите во БДП во 2016 година ќе бидат близу 52 проценти што е пораст за околу 10 процентни поени што, според гувернерот Богов, е солиден раст имајќи предвид во каков период се наоѓаме.

Од последниот квартал на 2013 година до септември годинава има забрзување на кредниот раст до 9,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП