18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ одмрзна 240 милиони евра за Бугарија

ЕУ одмрзна 240 милиони евра за Бугарија

bugarija eu

Европската комисија ги одмрзна парите од фондовите на Европската унија за Бугарија, па од денеска ги рестартира исплатите во рамките на Оперативната програма за животна средина, јави дописникот на МИА од Брисел.

Еврокомисијата ги информираше новите бугарски власти на чело со премиерот Бојко Борисов дека исплатите од фондовите на ЕУ во рамки на Оперативната програма (ОП) за животната средина за програмскиот период 2007-2013 се обновени. Па, така, Комисијата продолжи со првата исплата на 166 милиони евра од Кохезискиот фонд и 74 милиони евра од Европскиот фонд за регионален развој (ЕРДФ).

Овие средства, официјален Брисел претходно ги замрзна, бидејќи преку Верификацискиот механизам за Бугаирја и Романија, беше утврдена злоупотреба на европските средства кај нашиот источен сосед. Еврокомесарката за регионална политика, Корина Крецу, денеска ги поздрави позитивните чекори преземени од страна на бугарските власти за да се подобри и да се зајакне на Оперативната програма (ОП) преку системот за управување со рестартирање на плаќањата во рамките на програмата за животна средина.

Ова е одлична вест за бугарската граѓани, но исто така и за иднината на партнерството меѓу Бугарија и Европската комисија – рече комесарката Крецу.

Заменик-претседателката на ЕК задолжена за буџет, Бугарката Кристалина Георгиева исто така порача дека ова е одлична вест за Бугарија и дека граѓаните на оваа земја ќе го почувствуваат ефектот од денешната одлука. Георгиева рече дека земјата не може да си дозволи да загуби ниту еден лев од парите што има право да ги добие од ЕУ, бидејќи, според Георгиева – тие нудат еднакви можности за подобар квалитет на животот.

Според Европската комисија, денешната одлука е поврзана со мисијата во Бугарија во октомври 2014 година и дека Бугарите си ја завршиле домашната работа и затоа сега ги добиваат овие средства. А, плаќањата на ЕУ кон Бугарија беа прекинати во рамки на

Оперативната програма за животна средба, при што за периодот од 2007 до 2013 година се предвидени 1,4 милијарди евра европска помош за нашиот источен сосед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП