4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипарската економија и понатака тоне

Кипарската економија и понатака тоне

kipar nikozija

Кипарската економија во третиот квартал потона за 0,4 проценти, по истиот резултат од претходните три месеци, покажуваат официјалните податоци во Никозија.

Кипар 13 последователни квартали бележи негативен економски раст, а резултатите од вториот квартал се ревидирани на минус 0,4 од минус 0,3 проценти, наведува кипарскиот Завод за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Реалниот бруто домашен производ, заснован на сезонски прилагодените податоци, потона во три месеци заклучно со септември за 2,0 проценти на годишно ниво, по падот од 2,2 проценти во претходниот квартал.

Меѓународните кредитори на Кипар ја ревидираа прогнозата за економскиот пад за 2014 година на 4,8 од 4,2 проценти. Економијата во 2013 година потона за 5,4 проценти. Поради високиот јавен долг и невработеноста од околу 17 проценти, кредиторите ја намалија и прогнозата за идната година, па сега се очекува позитивен раст од 0,4 проценти наместо 0,9 проценти.

Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд на Никозија минатата година и одобрија пакет помош вреден 10 милијарди евра, а наредната транша од овој кредит, вредна 436 милиони евра, се очекува во месец декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП