5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОсвежениот Audi A1 (фото+видео)

Освежениот Audi A1 (фото+видео)

a1 re

„Audi“ ги објави фотографиите и техничките детали од редизајнираниот модел „A1“ и „A1 Sportback“ кој ќе се најде во продажба во 2015-та година. Покрај промените во дизајнот на возилото, новитет е и палетата на мотори со три цилиндри.

Освежениот „Audi A1“ има нови фарови, различна маска на ладилникот и редизајниран браник, а германскиот производител вели дека двете верзии, со 3 и 5 врати, сега се подолги за по 2 cm.

a1 re1

Помали промени се забележани и на задниот дел, и тоа се сведува во редизајн на стоп-светлата и браникот.

Ентериерот е подобрен со најновата верзија на „MMI“ мултимедијалниот систем, кој има можност за „Wi-Fi“ поврзување со повеќе мобилни уреди.

a1 re2

Купувачите на располагање ќе им бидат поголем број на опции за персонализација на автомобилот, вклучувајќи нови бои на надворешноста, декоративни детали на каросеријата, нов дизајн на алуминиумските бандажи…

Audi“ во понудата вклучи и изборно адаптивно ослонување, како и „Drive Select“ опцијата со чија помош возачот ќе може да ги менува карактеристиките на погонскиот, управувачкиот и преносниот систем.

a1 re3

Клучната промена на „Audi A1“ се однесува на воведувањето на нови трицилиндарски бензински и дизел мотори.

Во основната верзија под хаубата ќе се наоѓа 1.0-литарски „TFSI“ турбо-бензинец со 3 цилиндри кој произведува 95 ks (70 kW), додека за погон како базна дизел верзија е употребена исто трицилиндарска единица, но 1.4-литарски „TDI“ со 90 ks (66 kW).

a1 re4

Бензинскиот мотор според фабричките податоци просечно ќе троши 4,3 l/100 km, a дизелот само 3,4 l/100 km.

Покрај овие два мотори, во понудата ќе се најдат и 1.4-литарски бензинец во верзија со 125 ks (92 kW) и 150 ks (110 kW), oд кои помоќниот ќе има можност за деактивација на цилиндрите за заштеда во потрошувачката на гориво.

a1 re5

На купувачите им е достапен и 1.8-литарски бензински мотор со 192 ks (141 kW), како и 1.6-литарски дизел со 116 ks (85 kW).

Во врвот на понудата и натаму се наоѓаат „S1“ и „S1 Sportback“ моделите со познатиот 2.0-литарски „TFSI“ бензинец кој произведува 231 ks (170 kW).

Благодарејќи на овој мотор, „Audi S1“ е во состојба од 0 дo 100 km/h да забрза за 5,8 секунди (S1 Sportback зa 5,9 секунди) и да достигне 250 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП