15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАвиокомпанијата Qantas ќе ги зголеми оброците (видео)

Авиокомпанијата Qantas ќе ги зголеми оброците (видео)

Food-SIN-SYD

Австралискиот национален авиопревозник „Qantas“ ќе ги зголеми оброците на своите меѓународни летови за 50 проценти, со надеж дека така ќе привлече поголем број на патници и ќе го зголеми профитот.

Покрај тоа што ќе ги зголеми оброците, „Qantas“ во менито ќе додаде и луксузни јадења и ќе ја забрза услугата.

Извршниот директор на „Qantas“ Ален Џојс изјави дека новите оброци ќе ја чинат компанијата 40 проценти повеќе отколку старите, но тоа нема да влијае на цената на картите.

Компанијата ја подобри и својата понуда на филмови и телевизиски емисии кои патниците ќе можат да ги гледаат за време на летот.

„Qantas“ минатата година забележа рекордна загуба од 2,8 милијарди долари, најмногу поради лошите резултати на меѓународните летови. А, во јули, август и септември оваа година компанијата повторно започна да бележи профит.

Новите оброци ќе се појават на летовите на „Qantas“ на крајот на месецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП