16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСарачини и Орав на завршна церемонија на проекти за мали бизниси

Сарачини и Орав на завршна церемонија на проекти за мали бизниси

saracini-orav

Mинистерот за економија Ваљон Сарачини и евроамбасадорот Аиво Орав, денеска ќе се обратат на завршниот настан организиран од тимот за Поддршка на мали бизниси при Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), по повод успешната реализација на Програмата за раст на претпријатијата (ЕГП) и Програмата за деловно советување (БАС) во Република Македонија.

Проектите се финансирани преку Инструментот за претпристапна помош на Европската унија.

Со континуирана поддршка во рамки на Инструментот за претпристапна помош на Европската унија, Програмата на ЕБОР за поддршка на малите бизниси обезбеди помош за 131 претпријатие во Република Македонија преку советодавни проекти, помагајќи им  подобро да го искористат нивниот развоен и извозен потенцијал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП