30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција оствари првичен суфицит од 2,4 милијарди евра за десетте месеци од...

Грција оствари првичен суфицит од 2,4 милијарди евра за десетте месеци од 2014 година

grcija evro

Грција прикажа првичен буџетски суфицит од 2,4 милијарди евра за десетте месеци од 2014 година во однос на првичниот суфицит од 2,59 милијарди евра за истиот период од 2013 година, покажуваат привремените податоци за реализација на државниот буџет, цитирани од радио Атина.

Буџестскиот дефицит за десетте месеци истовремено изнесувал 2,69 милијарди евра во однос на дефицитот од 2,95 милијарди евра за истиот период од 2013 година и опрделената цел за дефицит од 3,05 милијарди евра.

Грција пред меѓународните кредитори презеде обврска да зачува балансиран буџет, што е клучното барање за доделување на спасувачката помош за земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП