28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕлектронско јавно наддавање на градежно државно земјиште во Пехчево

Електронско јавно наддавање на градежно државно земјиште во Пехчево

Pehcevonjjkkjkl

Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на државно градежно неизградено земјиште наменето за изградба на откупен пункт за земјоделски производи во местото викано Подуево, во општина Пехчево Станува збор за пет градежни парцели со површина од 891 до 5.973 метри квадратни.

Почетната цена на јавното наддавање изнесува 61 денар од метар квадратен, а пријавите за учество може да се достават најдоцна до 26 ноември годинава.

Право на учество имаат домашни и странски правни и физички лица, а електронските јавни наддавања ќе се одржат на 3 декември годинава на интернет-страницата www.gradezno-zemjiste.mk.

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со АУП:Откупен пункт за земјоделски производи м.в. Подуево, донесен со решение број 09-1395/2 од 02.09.2013 година со намена за изградба на Г2 – лесна индустрија, со компатибилни класи на намена Б1, Б2, В2, Г3 и Г4.

Целосниот текст на јавнaтa објавa може да се прочита на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски – www.mtc.gov.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП