Според последниот извештај на ОЕЦД, објавен денеска во Џакарта, државите од југоисточна Азија, членки на АСЕАН и во следните пет години ќе го продолжат импресивниот економски раст, со просечен развој од 6,2 отсто годишно.

Најголем пораст во економиите се предвидува за Индонезија и Филипините, а во групата со многу добри прогнози во економиите до 2019 година се и Малезија, Мјанмар и Тајланд. Силната сингапурска економија ќе го одржува развојот со околу четири отсто годишен пораст на БДП-то, а позитивен, но помал раст се очекува во Камбоџа и Виетнам.
Групацијата од 10 држави во рамките на АСЕАН од идната година ќе воспостави економска заедница со правила речиси идентични на ЕУ. Со либерализацијата на трговијата и движењето на квалификуваната работна сила, подрачјето на кое сега живеат 600 милиони жители ќе стане четврта економска сила на глобално ниво.