6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали не шпиoнираат производителите на возила?

Дали не шпиoнираат производителите на возила?

car spy

Се повеќе нови модели на автомобили имаат, како дел од стандардната или изборна опрема, мултимедијални системи кои вклучуваат можност да поврзување со паметните телефони. Се поставува прашањето, дали на тој начин дополнително е загрозена приватноста на сопственикот на возилото и како да се спречи тие информации да дојдат до трета страна?

Не е тајна дека автомобилските компании и досега ги собираа податоците за возилата кои ги имаат произведено.

Дали стануваше збор за компјутери во кои се вградени во автомобилите, „GPS“ или, во последно време, мултимедијални системи кои се поврзуваат со смартфоните, производители имаат можност да дознаат многу за вас и вашето движење, начинот на возење и слично.

„Знаеме ако ги прекршите правилата во текот на возењето, а знаеме и кога сте го направиле тоа“, неодамна на американците им го откри потпретседателот на „Ford“ за продажба и маркетинг, Џими Фарлеј.

car spy1

„Благодарејќи на „GPS“ кој е вграден во вашиот автомобил, точно знаеме каде се наоѓате и што правите“, невнимателно изјави Фарлеј, и за секој случај, тој додаде дека тие информации ги чуваат во тајност и не ги даваат на никого.

Фарлеј подоцна, откако беше критикуван поради овие изјави, рече дека бил погрешно протолкуван во јавноста. Сепак, тој не демантираше дека од возилата се собирааат информации.

Со цел да се заштитат овие податоци и приватноста на сопствениците на возила, неколку големи авто-компании донесоа одлука да започнат да применуваат нови правила.

„General Motors“, „Ford“, „Chrysler“, „Toyota“, „Volkswagen“, „BMW“, „Mercedes“, „Hyundai-Kia“, „Nissan“ и „Honda“ одлучија до 2017-та година, при купување на возило, сопствениците да се согласат за користење на информациите од возилото од страна на производителот.

Купувачите при купување на автомобилот ќе бидат известени за тоа кој вид на информации компанијата ги собира, како и кој и со какви намери може да има пристап до нив.

„Современите автомобили наскоро ќе почнат да разменуваат информации меѓусебно, со цел да се подобри безбедноста во сообраќајот, па императив е што побргу оваа област да се регулира“, изјави претседателот на американската Асоцијација на производители на автомобили, Џон Бозела.

car spy2

Авто-компаниите податоците собрани од возилата на клиентите ги користат за дијагностика на дефекти, развој на нови модели, лоцирање на украдени автомобили, прашања кои се поврзани со фабричката гаранција и слично.

Сепак, како што тврдат, овие информации „деперсонализирани“, односно не ги откриваат личните податоци на сопственикот. Во САД постојат исклучоци кога може да се откријат и личните податоци, но за тоа е потребен судски налог.

Во секој случај, доколку не сте сториле нешто лошо, немате причина за грижа. Или можеби имате?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП