23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на рускиот БДП во третиот квартал изнесува 0,7 проценти

Растот на рускиот БДП во третиот квартал изнесува 0,7 проценти

Moscow-photo-Vladimir-Fofanov-sxc-hu-e1341297054443-604x272

Растот на бруто домашниот производ (БДП) на Русија во третиот квартал, според прелиминарните проценки, изнесувал 0,7 проценти на годишно ниво, објави руската служба за статистика Рос стат.

Тоа е целосно во склад со проценките на Министерството за економски развој, објавени претходно, пренесува Тас.

Во вториот квартал растот на БДП изнесувал 0,8 проценти, по растот од 0,9 проценти во првиот квартал.

Претходно раководителот на одделението за макроекономски прогнози на министерството за економски развој Олег Засов изјави дека во четвртиот квартал од оваа година можен е благ пад на БДП на годишно ниво поради високата база во последниот квартал од 2013 година, која беше предизвикана од растот на инвестициите и скокот на земјоделското производство.

Според официјалната прогноза на министерството за економски развој, растот на БДП на Русија оваа година се очекува да биде на ниво од 0,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП