ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно растат цените во Италија

Повторно растат цените во Италија

japonijainflacijadeflacija

Цените во Италија во октомври повторно започнаа да растат по двомесечната дефлација, соопшти Заводот за статистика во Рим, потврдувајќи ја прелиминарната проценка.

Стапката на инфлацијата во октомври изнесуваше 0,1 проценти, по минус 0,2 проценти во септември и минус 0,1 проценти во август, кога Италија ја евидентираше првата дефлација во последните неколку децении, пренесува агенцијата АНСА.

Иако растот на цените е многу слаб, сепак податоците го ублажија стравувањето од упорната дефлација, која, според мислењето на економистите, би можела да ги загрози напорите на италија, која е погодена од рецесија, да започне да закрепнува.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП