22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Tемни облаци над еврозоната

ЕЦБ: Tемни облаци над еврозоната

ecb

На економското небо над Европа се надвиснуваат темни облаци, бидејќи во наредните години економскиот раст и инфлацијата ќе бидат помали од досегашните предвидување, оцени Европската централна банка (ЕЦБ).

Како што прогнозираат аналитичарите кои ги анкетирала ЕЦБ, инфлацијата во еврозоната оваа година ќе изнесува 0,5 проценти, следната 1,0, а во 2016 – 1,4 отсто, што во сите три случаи е под целното ниво на Банката од два проценти.

– Сегашното ниско ниво на инфлација е последица на комбинација на надворешни фактори, пред се на падот на цената на нафтата, ниските увозни цени и задоцнетото влијание на апресија на еврото, како и на внатрешни фактори, а на прво место слабеење на земјоделството, наведува Банката.

Хронично ниската инфлација во еврозоната, потикна загриженост дека регионот би можел да потоне во дефлација, односно континуриран пад на цените, што ги загрозуваат економската активност и работните места.

Прогнозата за економскиот раст, исто така, е намалена во однос на предходната од август.

Експертите предвидувааат дека бруто домашниот производ од еврозоната во 2014 година ќе порасне за 0,8 проценти, во 2015 за 1,2, а во 2016 година за 1,5 проценти.

– Предвидувањата за растот на БДП се намалени поради разочарувачките економски податоци од вториот квартал, упорно ниска деловна доверба на некои земји од монетарната унија, како и на песимистичките прогнози за клучните извозни пазари, наведува ЕЦБ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП