25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОд облеката зависи дали ќе ја добиете работата, облечете се соодветно!

Од облеката зависи дали ќе ја добиете работата, облечете се соодветно!

dress1

Истражувањата покажаа дека мажите може да ги уништат нивните шанси доколку се појават пред работодавачот во изгужвана кошула, со искинати панталони или со некоја смешна вратоврска.

Појавувањето пред идниот работодавач во претесна блуза или длабоко деколте е најбрз начин жената да ги загуби своите шанси на интервјуто за работа. Следната најголемата грешка со облеката која можат да ја направат, е да носат црн градник под бела блузи или бела кошула.

Студијата, во која се вклучени 2000 работодавци, исто така, покажа дека мажите може да ги уништат нивните шанси доколку се појават пред работодавачот во изгужвана кошула, искинати панталони или смешна вратоврска. Работодавците (една третина од нив) нивните одлуки ги носат во првите 90 секунди од разговорот. Дури 65 проценти од нив признале дека, помеѓу двајца кандидати, пресуден е уреден, професионален и примерен изглед.

Експертите предупредуваат дека тешките времиња на рецесија, во високо конкурентна атмосфера на стотици и илјадници кандидати кои конкурираат за работа, и тоа како треба да бидете внимателни да се облекувате соодветно.

Паметно би било да се оди на сигурна карта,  во нова и испеглана облека со неутрални бои.

Мажите треба да избегнуваат несоодветни вратоврски и да внимаваат на нивниот изглед исто како жените. Интервјуата за работа не се место каде што треба да одиме во трендовска облека и фустани за вечерните излегувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП