12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавен оглас за консултант за национален авиопревозник

Објавен оглас за консултант за национален авиопревозник

avioni h222

Министерството за транспорт и врски објави оглас за избор на консултантска компанија што ќе изработи физибилити студија за можноста за формирање редовен национален авиопревозник во Република Македонија.

Консултантската компанија ќе треба да подготви студија за економска оправданост на проектот и да анимира реномирани странски авиокомпании за пројавување интерес за национален авиопревозник, како и да ја советува Владата за избор на квалитена понуда.

Заинтересираните консултантски компании понудите треба да ги достават до 29 декември.

Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, по склучување договор заедно со избраната консултантска компанија и концесионерот на скопскиот аеродром ТАВ треба да анимираат што е можно поголем број компании, кои ќе понудат услови.

„Врз база на нивните услови и она на што ние можеме да го понудиме ќе се направи пакет кој потоа ќе биде презентиран пред јавноста и ќе распишеме јавен повик со кој ќе бараме национален авиопревозник“, изјави неодамна министерот Јанакиески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП