5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo подготвува мал кросовер, најверојатно XC40

Volvo подготвува мал кросовер, најверојатно XC40

model nov volvo 35

„Volvo“ потврди дека работи на нов кросовер кој во гамата на овој производител ќе го заземе местото под моделот „XC60“.

Претседателот на „Volvo“, Хокан Самуелсон, изјави за „Autocar“ дека „малиот SUV“ е високо на листата на приоритети на компанијата.

Според неговите зборови, иако мал по димензии, новиот модел ќе ги задржи премиум атрибутите кои ги имаат поголемите „SUV“ автомобили на компанијата.

Иако Самуелсон не откри повеќе детали, се претпоставува дека возилото ќе биде комерцијализирано под ознаката „XC40“ и ќе биде поставено на „CMA“ (Compact Modular Architecture) платформата.

Претседателот на „Volvo“ прецизираше дека, покрај малиот кросовер, моментално не е во план претставување на некој друг нов модел.

Наместо тоа, компанијата ќе се фокусира на редизајн на постоечките возила, па така годишната продажба да се зголеми од 450.000 нa 800.000 aвтомобили до 2020-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП