22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПобарувачката за злато на петгодишен минимум

Побарувачката за злато на петгодишен минимум

zlato55555551121221212

Глобалната побарувачка за злато во третиот квартал е намалена на најниското ниво во последните пет години, за што особено придонесе падот на кинеската побарувачка за една третина, објави Светскиот совет за злато (WGC).

Вкупната побарувачка за злато во наведениот период е намалена за два проценти, на 929 тони, што е најниското ниво од четвртиот квартал 2009 година, покажаа податоците на WGC, со податок дека Индија ја потиснала Кина, повторно завземајќи ја позицијата за најголем светски потрошувач на злато.

Во Кина потрошувачката на накит е намалена за 39 проценти, а забележан е и 30 процентен пад на инвестициите во златните плочки и монети, па вкупната побарувачка е намалена за 37 проценти.

Индија во изминатиот квартал купила 225,1 тони златен накит, пари и плочки, аКина 182,7 тони. Во Индија, на која Кина во 2011 година и го презеде статусот водечки купувач на злато во светот, во третиот квартал побарувачката за златен накит пораснала за дури 60 проценти.

„Нашите прогнози за цела година остануваат непроменети и за Кина и за Индија. Очекуваме дека побарувачката во двете земји ќе биде меѓу 850 и 950 тони, изјави главниот аналитичар во Светскиот совет за злато, Алистар Хјуит.

Очекуваме дека побарувачката за злато ќе остане повеќе или помалку на минатогодишното ниво, од 4.000 до 4.100 тони, изјави тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП