18 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКоја е тајната на успехот на Џери Зајнфилд?

Која е тајната на успехот на Џери Зајнфилд?

Jerry_Seinfeld_BEtaAP

Џери Зајнфилд со децении е еден од најплатените комичари во САД.

Податоците покажуваат дека неговата комедија „Seinfeld“, која се смета за една од најдобрите во историјата, дури и по престанокот на емитувањето во 1998 година, имала приходи од над три милијарди долари.

Меѓутоа Џери Зајнфилд не застана тука и не дозволи парите само „да му ги полнат џебовите“. Без оглед што неговото ново шоу „Comedians in Cars Getting Coffee“ има гледаност од над 10 милиони по епизода, тој и понатаму настапува во мали клубови, во разни сали. Токму овие турнеи му го донеле статусот најплатен комичар минатата година со заработени 27 милиони долари.

Во неодамнешното интервју за NBC тој откри зошто е толку успешен:

„Ако повеќе сте заинтересирани за она што досега сте го постигнале или она што вашата моментална финанасиска ситуација ви овозможува да правите, отколку за онаа работа која ви го донела сето тоа – тогаш сте во невоља“, изјави Зајнфилд и додаде дека причината за неговиот постојан успех е во тоа што тој е скромен и секогаш гледа напред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП