5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако ќе изгледа наследникот на Puntо? (фото+видео)

Како ќе изгледа наследникот на Puntо? (фото+видео)

punto e

Моделот кој ќе го наследи „Puntо“ би требало да се појави во 2016-та година, а независниот дизајнер Давид Обендорфер се обиде да предвиди, како овој автомобил би можел да изгледа.

„FIAT“ продолжи да го експлоатира ретро дизајнот на оргиналниот модел „500“ од педесетите и на новиот кросовер „500X“, a сличен стилски пристап се очекува и на идниот модел кој ќе се произведува наместо „Puntо“.

punto e1

Официјално, „FIAT“ досега не откри многу детали за овој автмобил, освен информацијата дека ќе се изработува во Полска.

Сепак, се очекува дека возилото ќе има слични димензии како актуелниот „Punto“ и дека ќе биде позициониран меѓу моделот „500“ и „FIAT 500L“.

punto e2

Дизајнерот Давид Обендорфер објави на страната „designboom.com“ неколку компјутерски слики со кои сакаше да илустрира, како би можел да изгледа новиот „FIAT“ од „B“ сегментот.

Тој автомобилот го замисли како модерен наследник на некогашниот „FIAT 600“, од кој настана и популарниот „фичо“ кој се произведуваше во Крагујевац.

Според Обендорфер, современиот „FIAT 600“ е долг нешто повеќе од 4 метри и има 5 врати, а на илустрациите е претставен и во спортската „Abarth“ верзија:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП