Откако роботот „File“ успешно слета на Кометата 67P/Чурјумов-Герасименко, сега се појави и првата фотографија од самата комета.
Ова е прв пат во историјата едно вселенско летало да се спушти на комета и „голем чекор за човештвото“, рече директорот на Европската вселенска агенција (ESA), Жан-Жак Дорден.
Сондата „File“ ќе собира материјали и ќе ги испрати на научниците кои ќе ги искористат за проучување на небеските тела.
Во текот на вчерашниот ден, се појавија многу фотографии за кои се тврдеше дека се снимени на кометата, меѓутоа тие беа фотографирани од „Rozetа“, неколку километри одалечена од кометата.
Податоците кои досега пристигнаа од роботот, покажуваат дека имало три обиди за слетување, затоа што сондата не успеала да се прицврсти на површината. Помеѓу првиот и вториот обид поминале два часа, а меѓу вториот и третиот само десет минути.