16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедведев: Да се укинат санкциите за надминување на проблемите

Медведев: Да се укинат санкциите за надминување на проблемите

dmitrijmedvedev

Рускиот премиер Дмитриј Медведев по состанокот со американскиот претседател Барак Обама на маргините на самитот во Азија, изјави дека санкциите кои се воведени за Москва мора да бидат укинати за да се надминат постоечките проблеми во односите со Западот.

„Неопходно е да се укинат санкциите, како и нормализација на односите, смирени и продуктивни разговори“, изјави Медведев во Мјанмар, каде присуствуваше на самитот Асоцијацијата на земји од југоисточна Азија.

Тој, исто така, изрази очекување дека руската национална валута, рубља, ќе зацврсти откако економијата на земјата ќе ја пронајде „својата точка за рамнотежа“.

Портпаролот на рускиот премиер Наталија Тимакова прецизираше дека Медведев во два наврати разговарал со Обама, но други детали не се соопштени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП