5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen има во план и кросовер на моделот Golf

Volkswagen има во план и кросовер на моделот Golf

golf kros 3

Осмата генерација на моделот „Golf“, која ќе биде претставена во 2018-та година, ќе се произведува и во кросовер верзија, пренесуваат одредени медиуми.

Покрај „Golf Alltrack“ и „Tiguan“, може да се каже дека во гамата на „Volkswagen“ нема место за уште еден класичен компактен кросовер.

Сепак во „Volkswagen“ го мислат спротивното и веруваат дека постои простор помеѓу двата споменати модели да се вметне и „Golf“ кросовер.

За разлика од „Alltrack“ верзијата, која е базирана на караванот „Variant“, идниот полутеренец ќе биде заснован на класичниот „Golf“ со 5 врати.

Со цел на пазарот да се ослободи подолнителен простор за кросоверот, „Volkswagen“ следната генерација на „SUV“ моделот „Tiguan“ ќе ја позиционира како луксузен и поскап автомобил, отколку што досега беше.

Во однос на стандардниот модел, „Golf“ кросовер ќе има поголеми тркала, робустен изглед, заштитни долни делови на каросеријата, повисоко потпирање, „4Motion“ погонски систем на сите четири тркала и одредени додатоци, како носачи на покривот, кои се карактеристични за таквиот вид на возила.

Кога ќе се обидеме да направиме паралела, „Golf“ кросовер во однос на класичниот „Golf“ би бил исто тоа што е „Mercedes GLA“ зa „A-Сlasѕ“.

Со оглед дека ќе биде заснован на следната генерација на компактни модели на „Volkswagen“, кросоверот најверојатно во понудата ќе има и хибриден погонски систем кој се состои од 1.4-литарски „TSI“ бензинец со 150 ks и електромотор со 102 ks, со цел да се намали просечната емисија на јаглен-диоксид во семејството „Golf“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП