4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПет банки казнети со 3.4 милијарди долари

Пет банки казнети со 3.4 милијарди долари

banke_main_afp_getty

UBS, HSBC, Citygroup, Royal Bank of Scotland (RBS) и JP Morgan се казнети заради пропуст во спречување на манипулација.

Глобалните регулатори изрекоа казна за пет банки, помеѓу кои и UBS, HSBC и Citygroup, во износ од 3.4 милијарди долари, за пропустот во спречување на манипулацијата на девизните трговци од овие банки на меѓународните девизни пазари.

Royal Bank of Scotland (RBS) и JP Morgan, исто така се казнети после едногодишната истрага, која е во голема мера поради нерегулираниот пазар, чија вредност се проценува на околу 5.000 милијарди долари дневно, што резултираше со суспензија и парични казни за девизните трговци.

 

UBS треба да плати 661 милиони долари

Најголемата казна ја доби швајцарскиот банкарски гигант UBS, иако прв достави докази за можно неправилно работење.

UBS мора да му плати 661 милони долари на британскиот регулатор за финансиски услуги (FCA) и американскиот регулатор за тргување на терминските пазари со стока (CFTC), а исто така банката ја казни и швајцарскиот регулатор FINMA со казна од 134 милиони швајцарски франци.

FCA ги казни петте банки со вкупен износ од 1.1 милијарди фунти, при што, во образложението за својата одлука наведува дека пропустите ја поткопале довербата во британскиот финансиски систем и го довеле во опасност неговиот интегритет. Американскиот регулаторо ги казни банките со износ од 1.4 милијарди долари.

 

Блиска соработка помеѓу регулаторите

Американските и британските регулатори соработуваа во овој случај на манипулација на девизните пазари, што се остварила во периодот од 1 јануари 2008 до 15 октомври 2013 година.

„Денешните казни покажуваат сериозност во пропустите кои ги идентификувавме и компаниите мора да преземат одговорност за да ги отстранат истите. Тие треба да се осигураат дека нивните дилери не го изигруваат системот со цел да го зголемат профитот или да не остават простор за сомнеж за нивното почитување на прописитеʺ, изјави извршниот директор на FCA, Мартин Витли.

Се очекуваше дека во целата постапка ќе биде вклучена и Barclays, но од британскиот регулатор FCA препорачаа истрагата на банката да биде продолжена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП