2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМал процент од компаниите во Македонија користат cloud computing

Мал процент од компаниите во Македонија користат cloud computing

cloud mk

Една третина од 249 компании вклучени во истражување за cloud computing, не знаат што значи овој термин. Повеќе од половината од компаниите не користат cloud услуги, додека 42 отсто од испитаниците користат cloud computing.

Анализата е направена во рамки на проектот на Дирекцијата за заштита на личните податоци со норвешкиот Орган за заштита на лични податоци DATATILSYNET „Техничка помош за зајакнување на организациските и институционалните капацитети за заштита на личните податоци“.

„Резултатите до кои дојдовме, кои според информациите на колегата од Норвешка се совпаѓале со нивните, се дека луѓето се уште сметаат дека употребата cloud алатките е несигурна работа, но дефинитивно и конечно сфатиле дека личните податоци се најбитниот момент поврзан со употребата на cloud услугите. Околу 40 отсто воопшто не знаат што е cloud computing и не го користат, додека активно во Македонија cloud computing користат многу мал процент“, изјави директорот на ДЗЛП Димитар Ѓеорѓиевски на денешната прес-конференција.

Во следниот период Дирекцијата ќе работи на осознавање на можностите, но и давање на мислења и препораки за унапредување на состојбата, особено од аспект на собирање, обработка и пренос на лични податоци при користење на cloud услугите.

„Од испитаниците голем дел спомнале дека не ги користат услугите, но од тие што ги користат, ги користат само и исклучиво серверите на компаниите што обезбедуваат таков вид на услуга во Македонија, а тоа се многу малку компании додека незначителен број користат сервери хостирани надвор од Македонија во Европа, а уште помалку во Америка“, изјави Ѓеорѓиевски.

Предупредува дека ова е област во која треба уште да се работи, но таа не е новина само во Македонија туку и за цела Европа.

Ерик Бјорн Тон, комисионер за заштита на лични податоци на Норвешка истакна дека според него најважни прашања во моментов се заштитата на личните податоци на социјалните медиуми и cloud computing. Истражувањето во Норвешка со кое биле опфатени компаниите и јавниот сектор покажало дека 75 отсто од компаниите ги користат cloud услугите само на доверба, а не се сигурни што тие нудат. Бјорн Тон истакна дека само 50 отсто од јавниот сектор и 25 отсто од приватните компании имат таканаречен „дата процесор договор“, што е најважен документ што мора да се потпише доколку се користат услугите на cloud computing.

„Што се однесува до cloud computing и Норвешка и Македонија се соочуваат со слични проблеми“, изјави Бјорн Тон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП